| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во лов на фантоми за спас од избори

Да­ве­ни­кот се фа­ќа за слам­ка, а СДСМ за фан­то­ми. Би би­ле и вон­зем­ја­ни, са­мо ако тоа зна­чи од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те. Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца одам­на е на спи­со­кот на не­пре­жа­ле­ни­те љу­бо­ви, а пр­ва­та љу­бов не е ше­га. Ре­ал­но, пар­ти­ја­та бо­ле­ду­ва од не­ре­ал­на фан­таз­ма, а уште по­ве­ро­јат­но бо­ле­ста се ви­ка из­бо­ро­фо­би­ја. За нив­но одол­жу­ва­ње, пак, ги из­мис­ли­ја фан­то­ми­те. Соз­да­де­ни од ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја со фан­том­ска про­гра­ма...

Бо­ли­вуд­ска­та про­дук­ци­ја од „Па­вел Ша­тев“ ни до­не­се и но­во си­же. Оче­ку­ва­но. Оно­ма­то­пе­ја­та „тик-так, тик-так“ со ко­ја ли­де­рот ги нај­а­ву­ва­ше пе­тар­до­ид­ни­те бом­би, се­га јас­но ја одзема се­ко­ја из­ми­на­та се­кун­да до не­по­са­ку­ва­ни­от мо­мент на со­о­чу­ва­ње на 5 ју­ни. Па­нич­ни­от страв од из­бо­ри за­зе­ма алар­мант­ни раз­ме­ри на епи­де­ми­ја кај по­ши­ро­ки­от круг на вр­ху­шка­та и ги на­те­ра на уште ед­на „го­ле­ма ла­га“. Мо­же­би и нај­го­ле­ма. И до­де­ка Ге­белс се пре­вр­ту­ва не­ка­де во те­ри­то­ри­ја­та на источ­на Гер­ма­ни­ја, из­бо­ро­фо­би­ја­та во СДСМ ре­зул­ти­ра­ше со но­ва ата­ка врз се­ти­ла­та и ин­те­ли­ген­ци­ја­та на гра­ѓа­ни­те, за­чи­нет со на­во­ден нап­лив на фан­то­ми. Бла­го­да­ре­ние на нив­ни­те не­ин­вен­тив­ни ме­ди­ум­ски стра­те­зи, др­жа­ва­та се­га се со­о­чу­ва со има­ги­на­рен нап­лив на се­фте из­мис­ле­ни ли­ко­ви. Но­ва илу­зи­ја на ју­риш­ни­ци­те, но уште ед­на за вна­треш­на упо­тре­ба. За нив­на жал, ед­но од зна­че­ња­та на по­и­мот фан­том е ток­му илу­зи­ја­та. На­ши­ве из­вр­ту­ва­чи спон­зо­ри­ра­ни од стран­ски фон­до­ви, мо­же­би, и се мај­сто­ри на илу­зи­ја­та, но си­гур­но не во Ма­ке­до­ни­ја. Од дру­га стра­на, не­прис­по­со­бе­но­ста на при­ста­пот кон ова под­неб­је и на­род ве на­ве­ду­ва на мис­ла – да­ли стра­те­зи­те поз­на­ти по ква­ли­та­ти­вот це­лос­на мрз­ли­вост и овој пат са­мо бу­квал­но пре­пи­ша­ле не­чиј труд, или, се­пак, по­ве­ро­јат­но – фа­моз­ни­от над­во­ре­шен „ча­дор“ ја ди­кти­ра и та­кти­ка­та на СДСМ? Ка­ко и да е, но­ва „ста­ти­ва“. На­ра­ча­на не­бу­ло­за за фан­то­ми во зем­ја од два ми­ли­о­на жи­те­ли, ка­де ко­га оди­те на гла­са­ње зна­е­те ба­рем трој­ца од чле­но­ви­те на из­би­рач­ки­от од­бор?!
А и тие вас.

Проб­лем, ама го­лем. Ед­но­став­но, при­ка­ска за зем­ја во ко­ја фан­то­ми­те не ми­ну­ва­ат…

 

Чудните коициденции во вокабуларот на СДСМ

Ма­ке­до­ни­ја се на­вик­на на ин­те­рес­ни ко­ин­ци­ден­ции. Жи­ве­е­ме во др­жа­ва во ко­ја ве­ќе не е чуд­но што во­ка­бу­ла­рот на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та и на ед­на об­ви­ни­тел­ка, ма­кар би­ла и спе­ци­јал­на, во це­лост се по­и­сто­ве­ту­ва. Се на­вик­нав­ме и тој да на­ра­чу­ва, а таа „спе­ци­јал­но“ бр­зо да го ре­а­ли­зи­ра ба­ра­но­то. Отрп­нав­ме и на фа­ктот што со­се­ма „слу­чај­но“ и двај­ца­та не приз­на­ва­ат ни­ту ед­на ин­сти­ту­ци­ја на си­сте­мот. И ред дру­ги ра­бо­ти или т.н. ко­ин­ци­ден­ции. А си­те зна­е­ме де­ка, осо­бе­но во по­ли­ти­ка­та и во пра­во­то, тие не по­сто­јат. Ни­ту сме­ат да по­сто­јат, за­тоа што та­ка би би­ле сти­хиј­ни. Или би ли­че­ле на СДСМ и на СЈО?!

Ед­на, нај­но­ва, ко­ин­ци­ден­ци­ја ги на­вре­ду­ва се­ти­ла­та. Си­те пет. Кај не­ко­го и шест, не­ли… Се ра­бо­ти за евен­ту­а­лен или, по­до­бро ка­жа­но – по­са­ку­ван број фан­то­ми од СДСМ. Во пр­вич­ни­те, це­лос­но не­ар­гу­мен­ти­ра­ни ин­фор­ма­ции, пар­ти­ја­та и неј­зи­ни­те ме­ди­ум­ски пер­а (кои се­га до­би­ја но­ви „не­за­вис­ни“ три ми­ли­о­ни и три­ста ил­ја­ди аме­ри­кан­ски при­чи­ни за да се по­ка­жат во уште по­ло­шо и по­ан­ти­на­ци­о­нал­на свет­ли­на) из­ле­гоа со број­ка од не­ве­ро­јат­ни 500.000 фан­том­ски гла­са­чи. Ги де­ман­ти­ра­ше и ДИК, но тоа не го спре­чи ни­ту За­ев, ни­ту не­го­ви­те „про­фе­си­о­нал­ни“ ме­ди­у­ми на си­те ѕво­на со де­но­ви да збо­ру­ва­ат и да пи­шу­ва­ат за смеш­ни по­ло­ви­на ми­ли­он фан­то­ми во др­жа­ва ка­ко Ма­ке­до­ни­ја. Са­мо за доб­ли­жу­ва­ње на го­ле­ми­на­та на ла­га­та – спо­ред од­ѕи­вот, ова на­ла­га де­ка ре­чи­си се­кој втор гла­сач на ми­на­ти­те из­бо­ри бил фан­том?! Или со во­ка­бу­ла­рот на стри­по­ви­те – не Фан­том, ту­ка ни ма­ги­о­ни­ча­рот Ман­драк не би им по­мог­нал. За раз­ли­ка,пак, од со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те цр­ни фил­мо­ви во ни­за, и двај­ца­та на­ве­де­ни ли­ко­ви се по­зи­тив­ни ју­на­ци од стрип-кул­ту­ра­та, на­стра­на оте­ло­тво­ре­ни од еден единс­твен автор. Ве­ро­јат­но, во да­леч­на­та 1934 го­ди­на Ли Фалк не оче­ку­вал де­ка не­го­ви­те Ман­драк и Фан­том ќе би­дат тол­ку по­са­ку­ва­ни од ед­на опо­зи­ци­ска стру­кту­ра на Бал­ка­нот. Осум­де­сет и две го­ди­ни по­тоа, ин­вен­тив­ни­те со­ци­јал­де­мо­крат­ски ју­риш­ни­ци, за­ста­на­ти на че­ти­во­то за Зо­ки По­ки, натежнаа со жел­ба за фан­то­ми, за­мис­лу­вај­ќи се вол­шеб­ни­ци што со по­мош на оп­што­на­род­на хип­но­за во сти­лот на Ман­драк ќе ус­пе­ат да го по­диг­нат мр­тви­от реј­тинг на воз­љу­бе­на­та пар­ти­ја. Ин­ди­ка­тив­но­ста на жел­ба­та за бро­јот на из­мис­ле­ни­те ли­ко­ви ле­жи ток­му во кон­крет­на­та број­ка, кои ги из­ва­ди на ви­де­ли­на нив­ни­те скри­е­ни ма­ки. Стар­ту­ваа со 500 ил­ја­ди, ре­чи­си тол­ку кол­ку што освои про­тив­нич­ка­та пар­ти­ја на пос­лед­ни­те из­бо­ри во 2014 го­ди­на.

 

analiza186-2

„Фантоми“ – нов социјалдемократски термин за народ

Да­ли оваа жел­ба на­ве­ду­ва на фа­ктот де­ка за СДСМ си­те овие гла­со­ви се фан­то­ми, или, пак, тие пот­свес­но по­са­ку­ва­ат да би­дат та­кви. Не им е лес­но, се со­о­чу­ва­ат со на­род – фан­том, со кој те­шко ко­ја пар­ти­ја би се со­о­чи­ла, не­ли. Па, ма­кар, би­ла и под „ча­дор“. Нај­лес­но би им би­ло тие гла­са­чи ед­но­став­но да не по­сто­јат, да ги не­ма. Тоа во мно­гу не­шта би им ја олес­ни­ло ра­бо­та­та во па­то­ло­шка­та по­тре­ба за вра­ќа­ње на власт и би ја по­ед­но­ста­ви­ло ма­те­ма­ти­ка­та. Во пре­вод, би ги спа­си­ло од нај­го­ле­ма­та ма­ка, страш­ни­от чин што над­вис­на над нив и нив­но­то по­ли­тич­ко би­ти­су­ва­ње. Соз­да­ва­ње про­гра­ма. Ко­неч­но…

Ва­ка, пак, во ма­ни­рот на нив­ни­те љу­бе­ни стра­те­зи и пре­тсе­да­тел­ски лу­зе­ри ка­ко Фрч­ко­ски, Пен­да­ров­ски (кој сѐ уште се во­ди ка­ко не­пар­ти­ски кан­ди­дат?!) и ду­зи­на дру­ги со­ве­то­дав­ци ка­ко „нев­ла­ди­ни­те“ Нај­чев­ска, Мил­чин и це­лос­но „про­фе­си­о­нал­ни­те“ Ге­ров­ски, Трич­ков­ски и дру­ги со­ци­јал­де­мо­крат­ски че­да пре­пол­ни со омра­за, кои на­ро­дот го по­и­сто­ве­ту­ва­ат со сто­ка и со ов­ци, го сме­сту­ваа во тр­ла и во ка­фе­зи и ка­кви ли не ин­сти­ту­ции, се­га по но­во – не­по­доб­ни­те ќе ги прог­ла­си­те за фан­то­ми. И точ­ка.

 

analiza186-4

Реалност: Партијата боледува од фантазма

Пар­ти­ја­та, со очиг­лед­но одо­бре­ние од вр­ху­шка­та, одам­на ми­лу­ва да ге­не­ра­ли­зи­ра и на­мет­ну­ва ими­ња, кои нив­ни­те „не­за­вис­ни“ пер­а (во нив­ни­те кру­го­ви под не­за­вис­ност се по­драз­би­ра да те пла­ќа суб­јект над­вор од ма­ке­дон­ска­та поч­ва, т.е. Со­рос, УСАИД, Швед­ска, Хо­лан­ди­ја итн.) со не­ви­де­на лес­но­ти­ја ги при­фа­ќа­ат и со сил­на упор­ност ги при­ме­ну­ва­ат. Та­ка, не би за­чу­ди­ло до­кол­ку нов по­им за си­те тие што не гла­са­ат за нив и не ги спо­де­лу­ва­ат нив­ни­те не­ло­гич­ни ста­во­ви за и око­лу др­жа­ва­та би­де, ед­но­став­но, фан­то­ми. Па и за али­би, не би би­ло ло­шо – „нѐ по­бе­ди­ја фан­то­ми!“

analiza186-5Од дру­га стра­на, дејс­тву­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, за жал, одам­на ли­чи на по­сто­јан лов на ве­штер­ки, чин што од за­че­то­кот до де­нес вклу­чу­ва соз­да­ва­ње паника, ма­сов­на хистерија и јав­но линчување. По исто­ри­ско пра­ви­ло, се­то тоа се пра­ви врз по­греш­ни лич­но­сти. И до­де­ка пред­вод­ни­кот на ло­вот, оли­це­тво­рен во ли­кот и во смо­кви­те на Ка­ти­ца Ја­не­ва, се мис­ли да­ли про­пу­шти­ла да ома­ло­ва­жи и не­приз­нае не­ко­ја ма­ке­дон­ска ин­сти­ту­ци­ја и за­си­ле­но се под­го­тву­ва да го вра­ти во вла­де­ние ва­ви­лон­ски­от „Законик на Хамураби“ од 18 век пр.н.е., кој на­ло­жу­ва: „Тој што пра­ви и фр­ла ма­гии тре­ба да се од­не­се до све­та­та ре­ка и та­му да се по­то­пи. Ако се уда­ви, чо­ве­кот про­тив ко­го е пра­ве­на ма­ги­ја­та да ја пре­зе­ме не­го­ва­та ку­ќа“, СДСМ во оче­ку­ва­ње на не­го­ви­те на­ра­ча­ни дејс­тва сѐ по­ве­ќе ја откри­ва ге­не­за­та на оваа сла­бост кон фан­то­ми­те.

Ви­стин­ски­от проб­ле­ме со на­ве­де­ни­от и тол­ку ко­ри­стен по­им е што пар­ти­ја­та бо­ле­ду­ва од фан­таз­ма, пси­хо­со­мат­ска ма­ни­фе­ста­ци­ја, ко­ја, всуш­ност, е ми­рис­на ха­лу­ци­на­ци­ја. Факт е де­ка во СДСМ одам­на смр­ди, но фан­таз­ма­та е це­лос­на спро­тив­ност на ми­рис­на­та илу­зи­ја, ко­ја прет­ста­ву­ва по­греш­на ин­тер­пре­та­ци­ја на фи­зич­ки сти­мул. Во овој слу­чај, се ра­бо­ти за пер­цеп­ци­ја на ми­рис без ни­ка­ква ре­ал­на или фи­зич­ка ос­но­ва за не­го. Во на­ши­от слу­чај, СДСМ во сво­ја­та фан­таз­ма на­се­ту­ва ми­рис на по­бе­да на из­бо­ри, кој по­сто­ја­но во се­ко­ја из­ја­ва го про­па­ги­ра­ат не­го­ви­те екс­по­нен­ти. Проб­ле­мот е во вре­мен­ска­та ка­те­го­ри­ја, ко­ја не оз­на­чу­ва се­га ту­ку не­о­пре­де­ле­на ид­ни­на. Во сти­лот „ќе ти ги вра­там па­ри­те во втор­ник“. И та­ка, ги из­мис­ли­ја фан­то­ми­те. Но и тие не се слу­чај­ни. Ги из­мис­ли ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та со фан­том­ска про­гра­ма…

 

Sotir-Kostov-2-200Костов: Фантомскиот новоговор на Заев и на дружината!

Од СДСМ пр­во ги до­бив­ме фан­том­ски­те гла­са­чи, кои еве по­ле­ка, ама си­гур­но се пре­тво­ра­ат во ви­стин­ски фан­то­ми, кои, на­вод­но, за вре­ме на из­бо­ри ше­та­ат и гла­са­ат на по­ве­ќе ме­ста, ве­ли ко­лум­ни­стот и по­ра­неш­ни­от об­ви­ни­тел Со­тир Ко­стов, кој сме­та де­ка тие, на­ви­сти­на, са­ка­ат оваа нив­на из­ма­ма да пре­рас­не во ур­бан мит.

КОСТОВ: Не знам, мо­же­би ве­ќе е и тоа, ама ме­не се­то ова по­ве­ќе ми ли­чи на из­мам­нич­ки и до ма­кси­мум сту­пи­ден мит. Ни­ка­ква ло­ги­ка не мо­же да го об­јас­ни ба­рем мал­ку, што ќе ре­че тол­ку е ап­сур­ден, што по­ве­ќе од сѐ е нес­тва­рен. Де­но­ви­ве јас на­ви­сти­на се оби­ду­вам да нав­ле­зам во ети­мо­ло­ги­ја­та на по­и­ми­те „фан­то­ми“ и „фан­том­ски гла­со­ви“, и за тоа го по­ви­ку­вам на по­мош Ар­сен Лу­пен (Arsen Lupin) или Фан­том (Fantomas). Да се по­тсе­ти­ме, оваа фа­бу­лоз­на лич­ност е гла­вен ју­нак на три­ви­јал­на­та кни­жев­ност и аван­ту­рист, ва­га­бонд и из­мам­ник на тре­ток­лас­на­та филм­ска ин­ду­стри­ја. Се се­ќа­ва­те, тој са­кај­ќи да по­стиг­не не­ко­ја кри­ми­нал­на за­мис­ла, го при­кри­ва­ше сво­јот иден­ти­тет. Е се­га, спо­ред За­ев и ком­па­ни­ја, во РМ пр­во има­ше 500.000 гра­ѓа­ни из­би­ра­чи, кои не би­ле тоа, ту­ку фан­том­ски гла­са­чи, кои гла­са­ле по не­кол­ку па­ти на раз­лич­ни из­би­рач­ки ме­ста и, спо­ред но­во­го­во­рот на За­ев, тие би­ле фан­то­ми. За­мис­ле­те, ви­стин­ски фан­то­ми во 21 век, во Ма­ке­до­ни­ја. Ова е из­бор­но и гла­сач­ко пос­ла­ние спо­ред За­ев. Јас ова мо­жам да го раз­бе­рам са­мо на еден на­чин: Со­тир Ко­стов тре­ба да има, да ре­че­ме, три лич­ни кар­ти на три раз­лич­ни адре­си, еве во три раз­лич­ни оп­шти­ни, со исто име, или раз­лич­но, но со иста сли­ка. И тој и та­ков Со­тир Ко­стов на де­нот на из­бо­ри­те оди и не­пре­че­но од ни­ко­го гла­са на три раз­лич­ни ме­ста и, оп, ете ти фан­том­ски гла­сач, кој со тек на вре­ме­то пре­рас­ну­ва во фан­том. И се­га оди­ме по ред: до­кол­ку Зо­ран За­ев, или спе­ци­јал­на­та Ка­ти­ца нај­дат три лич­ни кар­ти не на Со­тир Ко­стов, ту­ку на кој би­ло гра­ѓа­нин во РМ (со по­да­то­ци ка­ко што об­јас­нив), јас се­чам ја­зик и ве­ќе ни­ко­гаш не мо­жам да го кри­ти­ку­вам дво­е­цот без кор­ми­лар За­ев и Ка­ти­ца. Оди­ме по­на­та­му. До­кол­ку по не­кој слу­чај се про­нај­дат гра­ѓа­ни со та­кви лич­ни до­ку­мен­ти и се по­твр­ди де­ка тие гла­са­ле, ба­рем во ед­ни из­бо­ри, на на­чи­нот ка­ко што го опи­шав, то­гаш, За­ев во својс­тво на агит­проп ко­ме­сар не­ка пот­пи­ше на­лог каз­на, гла­ва­та да ми ја отсе­чат, а Ка­ти­ца, ка­ко сред­но­ве­ко­вен ин­кви­зи­тор, не­ка ја из­вр­ши каз­на­та би­деј­ќи јас тоа го зас­лу­жу­вам, во смис­ла има гла­са­чи фан­то­ми, а јас не го приз­на­вам тоа. Ар­но ама, ако не нај­дат та­кви до­ка­зи, то­гаш нај­мал­ку што тре­ба да на­пра­ват е: За­ев да пре­ста­не да ја де­ста­би­ли­зи­ра Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ве­ќе да не ги мал­тре­ти­ра гра­ѓа­ни­те на на­ша­та на­па­те­на др­жа­ва од та­кви не­до­ква­ка­ни ти­по­ви ка­ко не­го. А, не ја за­бо­ра­вив Ка­ти­ца. Па не е ле­ги­тим­но, спе­ци­јал­на­та да ја за­бо­ра­виш. Таа, ка­ко при­мер­на да­ма тре­ба да ве­ти де­ка ве­ќе не­ма да тре­ска глу­по­сти за тоа де­ка пра­те­ни­ци­те во Со­бра­ни­е­то се не­ле­ги­тим­ни, де­ка Устав­ни­от суд е не­ле­ги­ти­мен и де­ка пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та бил не­ле­ги­ти­мен. И од Ка­ти­ца да е, мно­гу е.

А се­га еден мал при­каз ка­ко се дви­жел бро­јот на за­пи­ша­ни гра­ѓа­ни во единс­тве­ни­от из­би­рач­ки спи­сок на РМ: – Во 1990 го­ди­на во Из­би­рач­ки­от спи­сок има 1.339.021 из­би­ра­чи, а до­пол­ни­тел­но беа за­пи­ша­ни уште 113.051 из­би­ра­чи; – Во 1996 го­ди­на Из­би­рач­ки­от спи­сок има 1.423.020 из­би­ра­чи, и плус гла­са­ле 75.633 из­би­ра­чи со лич­ни кар­ти; – единс­тве­ни­от из­би­рач­ки спи­сок во 2000 го­ди­на има 1.643.859 из­би­ра­чи (од оваа го­ди­на има­ме ЕИС); – Во 2005 го­ди­на во ЕИС има 1.711.293: -Во 2009 го­ди­на ЕИС има 1.792.082; – во 2013 го­ди­на ЕИС има 1.743.403.

За­бе­ле­шка: Од 1996 го­ди­на до 2009 го­ди­на ЕИС се зго­ле­мил за 296.794 из­би­ра­чи. Од 2009 го­ди­на до 2013 го­ди­на ЕИС се на­ма­лил за 48.679 из­би­ра­чи?!

„И сеа шо пра­и­ме?“ – Би пра­шал Бра­не Цр­вен­ков­ски. За да има фан­том­ски гла­са­чи, бро­јот на гла­са­чи­те тре­ба не­из­беж­но да се зго­ле­ми. Еве, за пер­и­о­дот во тие кур­вин­ски и не­за­кон­ски сни­ма­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри, ка­де што се спо­ме­ну­ва 2013 го­ди­на, ра­бо­ти­те сто­јат по­и­на­ку. Има­ме на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на из­би­ра­чи­те! Кој ту­ка е дун­стер, а кој леј­ка? Из­ви­ни Пи­ги и про­сти ми Бо­же, ама мо­рал­но бе­ше!

И ај­де на кра­јот да би­де­ме се­ри­оз­ни, ка­ко што при­ле­га на акту­ел­ни­от мо­мент и на си­ту­а­ци­ја­та: За­ев да пре­ста­не да ко­ри­сти та­кви евти­ни филм­ски три­ко­ви и здо­дев­ни проз­ни бај­ки и фан­та­зии. Не му при­ле­га на иден пре­ми­ер (из­ви­не­те, ама тој та­ка из­ја­ви, де­ка по 24 април, ќе го не­ма За­ев гра­до­на­чал­ни­кот, ту­ку ќе сме го до­би­ле За­ев пре­ми­е­рот) на при­ват­ни­те лич­но­сти да им го од­зе­ма гра­ѓан­ски­от ста­тус и да ги пра­ви не­ка­кви си фан­то­ми. Сра­мо­та е бе лу­ѓе! А Ка­ти­ца? Крај­но вре­ме е да сфа­ти де­ка таа ка­ко спе­ци­ја­лен ја­вен об­ви­ни­тел не е Ро­бин­зон Кру­со и не жи­вее на пуст остров. За по­че­ток, не­ка го за­поз­нае Пе­тко, кој, си­гур­но, ќе ѝ ка­же да ја ба­та­ли ја­ло­ва­та по­ли­ти­ка и, ко­неч­но, да поч­не да се за­ни­ма­ва со јав­но­об­ви­ни­тел­ска ра­бо­та, т.е. откри­ва­ње сто­ри­те­ли на кри­вич­ни де­ла, за што, впро­чем, и ја из­браа или име­ну­ваа. И не­мој се­га и ме­не да ме под­бе­ре за тоа не­ле­ги­тим­но­ста, на пи­шу­ва­ње­то.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 186. број на неделникот „Република“, 25.03.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top