Социјалните мрежи се составен дел од секојдневниот живот. Во Кина место „фејсбук’ има „Веибо“, во Русија „ВКонтактте“, Српската православна црква има своја социјална мрежа „Црква.нет“.
– Драги пријатели добредојдовме на првата и единствена црквена социјална мрежа „Црква.нет“. Ова место го градиме заедно, затоа направете го поубаво, подобро и поразновидно. Ви посакуваме пријатни моменти и многу квалитетни пријателства – пишува на почетната страница кога се регистрирате.
Опциите се слични како на фејсбук. Имате свој профил и може да поставувате фотографии, статуси, позадина, да се коментира, да се става „лајк“, но за разлика од другите социјални мрежи можете да „аминувате“. Како што пишува во објаснувањето „Амин“ е опција со која може да поддржите нечиј статус, фотографии, аудио и видео записи. Дизајнот е прилагоден за мобилни телефони и таблети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.