По иницијативата на селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски и сите играчи од националниот А-тим собрани се 7.200 евра за да му помогнеме на младиот фудбалер Кристијан Стоилков за следните третмани, терапии и рехабилитации за да може целосно да се рехабилитира по тешката повреда и направениот оперативен зафат во охридската болница „Св. Еразмо“, информираат од ФФМ.
– Од сѐ срце големо благодарам до сите во репрезентацијата, селекторот, играчите и ФФМ. Голема благодарност за сите кои искрено ме поддржаа во тешките моменти кој ги преживував, тоа ми значеше многу. Го сакам фудбалот, сакам пак да бранам затоа што тоа е мојата најголема љубов. Јас сум спортист и ќе се борам за тоа што го сакам – изјави Кристијан Стоилков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“