| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските репрезентативци собраа 7.200 евра за лекување на Кристијан Стоилков

makedonska reprezentacija

По иницијативата на селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски и сите играчи од  националниот А-тим собрани се 7.200 евра за да му помогнеме на младиот фудбалер Кристијан Стоилков за следните третмани, терапии и рехабилитации за да може целосно да се рехабилитира по тешката повреда и направениот оперативен зафат во охридската болница „Св. Еразмо“, информираат од ФФМ.

– Од сѐ срце големо благодарам до сите во репрезентацијата, селекторот, играчите и ФФМ. Голема благодарност за сите кои искрено ме поддржаа во тешките моменти кој ги преживував, тоа ми значеше многу. Го сакам фудбалот, сакам пак да бранам затоа што тоа е мојата најголема љубов. Јас сум спортист и ќе се борам за тоа што го сакам – изјави Кристијан Стоилков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top