| четврток, 6 декември 2018 |

Две девојки киднапирани во близина на Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава за К.А. (27) од Косово и против непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

50-евра

 

На 29.3.2016 година, во 4.30 часот додека Д.М. (29) од Подгорица, Р. Црна Гора и К.Ц. (20) од Кичево излегувале од угостителски објект лоциран покрај патот за с. Брвеница, биле пресретнати од пријавените. Истите им понудиле 50 евра да отидат со нив во нивниот стан, а откако ги одбиле, насилно ги однеле во стан каде ги држеле заклучени обидувајќи се да извршат полови дејства врз нив – соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top