Невидено, нечуено, неверојатно, како што би рекле од „Еднооки“, вчера здружението на Насер Селмани одржа прес- конференција на која изврши притисок врз Јавното обвинителство за прогон на Миленко Неделковски поради говор на омраза, пишува Дневник.
Kако што информира ЗНМ, Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинарите лани во декември до Основното јавно обвинителство поднеле барање за кривично гонење на Миленко Неделковски за ширење говор на омраза и загрозување на сигурноста на граѓаните. Според нивните наводи, Неделковски на неговиот фејсбук-профил ги посочил како предавници новинарите Јадранка Kостова, Бранко Геровски, Борјан Јовановски и Сашо Ордановски и им се заканил дека ќе ги посети дома за да се пресмета со нив. Со тоа Неделковски поттикнал и трети лица да ги напаѓаат новинарите и ја доведува во прашање нивната безбедност.
На нивно големо изненадување, обвинителката од Основното јавно обвинителство во Скопје го одбила барањето како неосновано. Обвинителката сметала дека Неделковски само искажал негови ставови и не поттикнувал омраза, дискриминација или насилство врз основа на национално потекло или верско убедување. Обвинителката исто така цени дека пријавениот со објавените постови не ја загрозил сигурноста на новинарите.
ЗНМ и ССНМ го обжалиле ова решение и се надеваме дека Вишото јавно обвинителство објективно ќе ја процени ситуацијата и ќе отвори предмет против Неделковски. ЗНМ и т.н. синдикалци немале никаква дилема дека заканите на Неделковски се пораки што ги испраќал врвот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
На сето ова Неделковски кусо одговори дека различните аршини на овие здруженија му се одамна познати и ги повика, ако веќе толку сакаат, тие самите да го преземат гонењето. Се плашат, вели Неделковски, затоа што и тие и нивните адвокати знаат дека нема дело и дека ќе добијат пријава за лажно пријавување, па сè се сведува на тоа да вршат пропаганда во согласност со нивната позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.