| четврток, 6 декември 2018 |

Дујшебаев: Да ги сведеме грешките на минимум за ново финале и титула во СЕХА

Vardar Visla  (6) (Custom)

Во изминатите четири сезони на регионалната ракометна лига, екипата на Вардар има две титули. Првата ја освои во дебитантското издание на СЕХА лигата, а втората пред две години во Нови Сад. Против екипата на ППД Загреб, „црвено-црните“ ќе атакуваат на ново финале и трета титула во регионалното натпреварување.

– Знаеме дека ќе биде исклучително тешко бидејќи мислам дека има многу млади играчи кои ќе сакаат да покажат дека имаат квалитет за да се борат се до крајот. Ќе биде доста тешко. Загреб се многу подготвени, играат и пред домашна публика. Ние мораме да обрнеме внимание на нападот, да бидеме концентрирани и да не грешиме во одбраната – истакна Алекс Душебајев во пресрет на денешното полуфинале.

Натпреварот помеѓу ППД Загреб и Вардар ќе започне во 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top