| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ потврди: Избори на 5 јуни дефинитивно ќе има

Предвремени избори на 5 јуни дефинитивно ќе се одржат, потврди денеска мисијата на ОБСЕ и ОДИХР. Тие велат дека подготовките за нивно набљудување се веќе почнати и дека ќе биде следен целиот процес на изборите, пред нивното одржување, изборниот ден, како и состојбата по изборите.

За изборите во Македонија ќе пристигнат 24 долготрајни набљудувачи, како и 300 краткотрајни кои ќе пристигнат на неколку дена пред изборите.

Мисијата ќе ја оценува усогласеноста на овие избори со заложбата на ОБСЕ и стандардите за демократски избори. Набљудувачите внимателно ќе ја следат регистрацијата на кандидатите и гласачите, активностите во кампањата, како и известувањето на медиумите во кампањата.

– Наша улога е да ги набљудуваме изборите, а не да се мешаме и да влијаеме врз нивниот исход. Ќе дадеме техничка оцена на процесот, како што правиме во сите земји – вели амбасадорот на ОБСЕ, Јан Петерсен.

Амбасадорот рече дека нема да бидат објавувани посебни извештаи за процесот на прочистување на Избирачкиот список и медиумите, но најави можно осврнување на состојбата со Избирачкиот список во првиот прелиминарен извештај за претстојните предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top