| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ ги повлече министрите од Владата за да се осигураат избори на 5 јуни

ДУИ  вечерва донела одлука сите нејзини министри да ја напуштат Владата предводена од Емил Димитриев. Веста ја потврди Артан Груби, а причината поради која е донесена одлуката е да се обезбеди со сигурност датумот на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Инаку, ДУИ во Владата има 9 министри, а тоа е повеќе од една третина од членовите на Владата кој брои 26 министри вклучувајќи го и Премиерот. Според Уставот на Република Македонија, доколку Премиерот предложи промена на најмалку една третина членови од Владата, Собранието одлучува како за избор на нова Влада за што практично нема време со оглед на предвидениот датум за распуштање на законодавниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top