| четврток, 6 декември 2018 |

По ослободителната пресуда на Шешељ, радикалите со часови кружеле низ Сребреница извикувајќи: Пак ќе ве колеме! (видео)

srebrenica

Ослободителната пресуда на Хашкиот суд изречена на Воислав Шешељ, обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, членовите на неговата Српска радикална странка ја славеле возејќи се низ Сребреница со закани за колеље, наведува локалното население, а јавува „Ал Џезеира“.

Началникот на Општина Сребреница Ќамил Дураковиќ за „Ал Џезеира“ вели дека членовите на радикалите од блискиот град Братунац, пресудата на Шешељ ја славеле со кружеље во автомобили украсени со знамиња на СРС со повици за повторно колеље.

-Ова навистина е парадокс. Денеска, на 13 годишнината од закопот на првите 600 жртви од геноцидот во Сребреница да се случува вакво нешто, луѓето отворено да се закануваат со ново колеље, ги испраќаат истите пораки кои ги праќаа во 1992 година. Ова навистина нема смисла, порача Ѓураковиќ.

Началникот на Општина Сребреница  наведува дека се обидел да контактира со командантот на локалната полиција за да реагираат на заканите, но и за да се увери дека Бошњаците ќе бидат заштитени, но не добил никаков повратен одговор.

-Ова е навистина тажно. Кога во Вишеград од нишан треба да се симне зборот „геноцид“, испратени се единици на специјалната полиција да асистираат. Денес кога на Бошњаците им се закануваат со ново колење, нема никаква реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top