Избори на 5 јуни се најдобар пат за Македонија да ја врати агендата и да почне со преговори за членство, е пораката од комесарот Хан на средбата со министерот Попоски оддржана во рамки на министерската конференција за западен Балкан во Драч.
Хан е убеден дека има време за исполнување на обврските и прочистување на избирачкиот список, кој според него бил единствена причина за меѓународниот притисок за одложување на првично утврдениот датум со договорот од Пржино.
Попоски побарал од Хан по исполнување на обврската и одржување на фер и транспарентен изборен процес да започнат и преговори за членство.
Следниот извештај за напредокот на Македонија, ЕК ќе го објави во веќе утврдената пракса во октомври, а во однос на изборниот процес ќе го поддржат извештајот на ОБСЕ и ОДИХР.
На министерската конференција во Драч, која е подготовка за Париската конференција во јули годинава, главно внимание било посветено на статусот на проектите за регионална поврзаност, зошто оценката е дека интеграцијата меѓу балканските земји треба да оди „рака под рака“ со интеграцијата во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.