Министерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска ги посети припадниците на АРМ, кои се задолжени за безбедноста на јужната граница.
Состојбата е мирна и стабилна и понатаму ќе се следи, оценува министерот.
„Припадниците на АРМ кои ја обезбедуваат нашата јужна граница со Грција се распоредени на најкритичните места долж границата од Моин до Николиќ. Војската функционира како што треба, границата е добро обележана и заштитена“ – изјави министерот.
Поради продолжувањето на кризната состојба до крајот на оваа година, според проценка направена во генералштабот на АРМ ќе бидат потребни дополнителни средства. За ангажманот на војниците на границата до крајот на годината ќе требаат дополнителни 8 милиони евра.
Јолевски го потврди своето учество на состанокот во Виена, со колегите од земјите на централна Европа и заподнобалканската рута од кој очекува да се постигне договор за идните чекори во управувањето со бегалската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.