| четврток, 6 декември 2018 |

Штета, Наташа Андонова ги заврши настапите во ЛШ

Natasa-Andonova-int170-740x320

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и нејзиниот клуб Розенгард по пенал-рулетот ги завршија настапите во годинашната Лига на шампионки на УЕФА, откако доживеа елиминација во четвртфиналето од германски Франкфурт

На гостувањето во Германија, во регуларниот дел од вчерашниот натпревар, Розенгард успеа да победи со 0-1, со што го израмни резултатот по оној прв идентичен пораз на домашен терен. Стрелец на единствениот гол за гостинките беше Гунарсдотир во 28. минута од средбата. Но, во пенал серијата Франкфурт победи со 5-4, а кај гостинките пеналот го утна токму Гунарсдотир во првата серија.

Македонската репрезентативка во игра влезе во 78. минута од средбата на местото на Мартенс. Андонова имаше одлична можност да донесе победа за Розенгард во 119. минута, на само една минута пред крајот на второто продолжение, но не успеа да погоди.

И, во пенал рулетот, Андонова успеа да стрела во втората серија, но на крајот, сепак, фудбалерките на Франкфурт беа тие кои се радуваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top