| четврток, 6 декември 2018 |

Царнаев: Дејствувавме сами мотивирани од нашата вера

Браќата Царнаев биле мотивирани да го извршат бомбашкиот напад во Бостон од нивната религија, но дејствувале сами и немале контакти со други меѓународни терористи или групи. Ова вчера го изјавил на истражителите од ФБИ Џокар Царнаев кој се уште е на лекување во болница. Против него е поднесена кривична пријава за употреба на оружје за масовно уништување. Американските медиуми пишуваат дека тој за време на испрашувањето соработувал со агентите на ФБИ. Поради повредата на грлото, Џокар ги давал одговорите писмено или со климање на главата за одобрување или негирање на прашањата. Тој изјавил дека инструкциите за правење бомби ги нашле на интернет.

Американските власти соопштија дека него ќе му суди цивилен суд. Царнаев се соочува со смртна казна.

–       Нема да се третира како непријател во борба. Ќе му судиме на овој терорист преку нашиот цивилен правен систем, соопштија од Белата куќа.

Полицијата се уште трага по вистинските мотиви за нападот и истражува дали имале помош од некои други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top