| четврток, 6 декември 2018 |

Нови главоболки за Гвардиола, Робен се повреди и ќе отсуствува пет недели

roben

Холандскиот интернационалец Арјен Робен се врати повреден од настапите за националниот тим. Веднаш беше на детални лекарски прегледи во клубот и информациите се дека ќе мора да паузира пет седмици. Тој го повреди бутниот мускул и ќе го пропушти четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Бенфика, како и поголем дел од завршницата на сезоната во Бундес-лигата.

Баерн Минхен на седум кола пред крајот на шампионатот во Германија има пет бода предност во однос на второпласираната Борусија Дортмунд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top