Откако целиот случај во врска со утврдување на татковството на Миролсав Илиќ доби судски епилог, неговата поранешна љубовница Мирјана Антоновиќ вели дека и е жал што нејзиниот син ќе мора на таков начин да добие татко. Таа открива дека сопругата на пејачот, Гордана, и се заканувала и дека поради тоа ја напуштила Србија и се преселила во Америка каде што живее и сега.
-Изјавите на Мирослав и Гордана се менуваат секој ден. Таа прво вели дека не знае кои сме, а потоа дека не е важно што Девин личи на Мирослав, бидејќи и таа личела на Тања Бошковиќ, а немаат ист татко. Мирослав изјавува дека не би му помогнал на Девин дури и да е болен, а потоа дека го сака ама не може да се види со него бидејќи јас сум му го уништила животот. Сето тоа се глупости и нивни обиди да се оправдаат и да го збунат народот. И појавувањето на Гордана во медиумите после 40 години не ми е јасно. Што сака да докаже? Како Мирослав имал слобода да води неморален живот, а бидејќи сето тоа го правел со нејзино знаење, значи и таа е исто толку виновна како него- вели Мирјана.
-Мирослав и Гордана од раѓањето на Девин знаат дека тој е негов син. Тоа беше јавна тајна. Мирослав и јас не бевме една ноќ заедно, туку живеевме заедно додека тој ги решаваше личните проблеми. Си заминав од Белград кога Гордана почна да се заканува- тврди Антоновиќ која се плаши од манипулација на судскиот спор.
-Не сакавме да одиме по овој пат и кај нас се уште има доза на страв, бидејќи Мирослав се заканува со јаки врски. Бога молиме и живееме во надеж дека правдата ќе победи- вели Мирјана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.