| четврток, 6 декември 2018 |

Страв од тероризам во Канада: Евакуација на 200 лица од едно гратче

CeuoeCTXEAAsLpAКанадската полиција денеска евакуираше преку 200 лица од гратчето Пјерфонд во провинцијата Квебек, откако локален жител на интернет објавил видеоснимка со „загрижувачка содржина“, јави весникот „Прес“.

Според весникот, во врска со случајот полицијата привела две лица.

CeuqPBRWQAAi5LTПолицијата преку проверка на ај-пи адресата ја лоцирала куќата од која е објавено видеото, по што е извршен претрес во неа.

„Прес“ наведува дека полицијата ја спровела акцијата затоа што видеото „предизвикало стравувања“ за можни терористички активности и подготовка на експлозивни направи.

Сепак, полицијата засега нема сигурни докази дека овој инцидент е поврзан со планови за тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top