Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Кожув и покрај високите 15 поени предност од првиот натпревар, не успеа да оствари историски успех и да се пласира во финалето откако загуби во реванш-натпреварот од Морнар во Бар со 81-56.
Уште во првото полувреме домашниот тим успеа да ја анулира предноста од првиот дуел (47:31). Кошаркарите на Кожув пробаа да се вратат во третата четвртина, но сепак слабата реализација во последната четвртина беше пресудна, постигнаа само шест поени и мораа да се помират со пропуштената историска шанса.
Лемонт Џонс со 22 и Марко Мугоша со 19 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, а во Кожув најпрецизен беше Брендон Пен со 18 поени.
Второто полуфинале се игра утре. Сигал Приштина го пречекува Берое, а предност од првиот дуел има Приштина која победи на гостувањето со 89-75.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.