| четврток, 6 декември 2018 |

Заев од Куманово: СДСМ е подготвена за избори на 5 јуни, а целта не е да се смени власта (Видео)

zaev kumanoo
Партискиот лидер Зоран Заев од трибината на СДСМ во Куманово порача дека партијата е подготвена за избори на 5 јуни.

-Јавно упатувам порака, СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни, на коишто сме убедени дека промените ќе се случат. Народот е охрабрен, рејтинзите се променети, Македонија е подготвена за промени. Но на Македонија не и е прва цел опозицијата да ја промени власта- рече Заев во Куманово.

Целта на секоја опозиција е на избори да ја смени власта. Но, Заев, потиснат од реалните анкети, уште сега го подготвува членството дека прва цел „не е опозицијата да ја промени власта“, иако претходно посочува на „променети рејтинзи“. Тоа пак, за што е народот охрабрен, ќе покажат резултатите од изборите на 5 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top