„Јавна соба“ на први април со почеток од 21 часот доделува награда за најдобра „Јавна маска на 2016” која ќе биде изработена по принципот „направи сам”.
-Во минатото кога не ни помислувавме за купување на маски , туку одевме по комши, пријатели и роднини и собиравме предмети, облека, чевли и друго, сé со цел да испродуцираме сами што подобра својата маска за први април. Сами или во група, јавно ја презентиравме сопствената досетливост и притоа добро се забавувавме. Бидете дел од креативната забава на први април исполнета со музичка програма во „Јавна соба“ заедно со вашите пријатели и другари и освојте наградата за најкреативна јавна маска која само сте ја создале – велат од „Јавна соба“.
Влезот за сите посетители е бесплатен, а забавата добрата музика и смеењето се загарантирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.