| четврток, 6 декември 2018 |

Бошкоски си ја финансираше кампањата со продажба на името (ВИДЕО)

Потсетување на тоа како Љубе Бошкоски се пазареше со името на државата за да дојде до финансиски средства за неговата политичка кампања.

Посредникот : Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе,

Љубе:  Да.

Посредникот: Се е до сега како што треба, само молимте Љубе после тоа сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името. Преку глава ни е.

Љубе: Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје… Охриѓаните ги праша битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови,тој игра на лажна карта… Знаеш ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило,
Зошто Љупчо најотворено се лигави, Љупчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција.
Јас мислам вака-вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љупчо.
Јас ќе играм сега на патриотската, и после АЈЈ ќе го решиме во два дена со тебе заедно!

Посредникот: Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.

Љубе: Така де, така е

Посредникот: Да бидам искрен ништо не се губи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top