Обвинителката од тимот на Катица Јанева, Фатиме Фетаи, денес на албански јазик го бранеше Бошковски за пазарењето со уставното име на нашата држава.
Имено, со актерски перформанс, по воведот на македонски јазик, Фетаи продолжи да говори на албански и испрати порака дека сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Јанева и од Заев.
Воедно се поставува прашањето- како ќе завршат сите тие што ги бранат името и државата?
Бошковски е обвинет за нелегално финансирање на предизборна кампања, при што ветувал промена на уставното име и идентитетот на Македонија. За овој случај, на интернет се појавија и снимки на кои Бошкоски зема пари за својата кампања. Бошковски сам признава дека парите што ги добива од посредникот ќе ги користи за организирање предизборни митинзи и рекламирање во медиумите. Тој е осуден според цврсти докази и СЈО веројатно тоа многу добро го знае. Затоа драматичниот настап на Фетаи не може да ги побие доказите колку и таа да се обидува да го одбрани.
На снимките што се појавија во февруари минатата година Бошкоски со извесно лице, грчки државјанин се пазари околу името и договара дека доколку добие пари и поддршка во кампањата, ќе глуми патриот и потоа ќе го реши. Соговорникот му пренесува дека грчката влада била одушевена од него, а Бошкоски вели дека промена на името во Северна Македонија било оптимално решение и ќе го решел за два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)