Околу 500 барања за набавка на огревно дрво се поднесени по првиот повик до Подружницата на Македонски шуми „Голак“ од Делчево од страна на физички и правни лица, како и здруженија на граѓани и синдикати.
Според информацијата на директорт на Подружницата, Јордан Димитровски, првиот повик завршува до крајот на овој месец, а до крајот на годината се очекува по другите повици да се заокружи годишната потреба за огревно дрво на граѓаните на Делчево и Македонска Каменица.
– На првиот повик поднесени се 500 барања за огревно дрво со кои се побаруват околу 5.000 метри кубни огревно дрво. Од нив, за пензионерските здруженија се околу 1.000 метри кубни, за сидникатот 350, за физички лица, 3.200 метри кубни и за правни субјекти околу 500 кубика, рече Димитровски.
Тој додаде дека во текот на оваа година се очекуваат тендерите на јавните претријатија, училиштата и други правни субјекти.
Годишно на ниво на двете општини, Делчево и Македонска Каменица, ова јавно претпријатие дистрибуира околу 10.000 метри кубни огревно дрво. Тоа е вкупната количина која вообичаено се набавува од државна шума, додека заедно со приватниот сектор, годишно на двете општини за огрев се трошат околу 36.000 метри кубни огревно дрво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во време на мораториум до Влада се сечат дрва за да се креваат згради (галерија)(видео)
-
Мерачите на радијаторите ќе го поскапат станбениот квадрат за 50 евра
-
Уставен пресече: Исклучените ќе плаќаат парно греење иако не го користат!
-
Ги фатиле со крадени дрва, па удриле по полицајците и им се заканувале дека ќе ги убијат