Со потпишување договор меѓу Инстутот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија и Балканскиот истражувачки институт, кој функционира во рамки на Тракискиот универзитет, заврши манифестацијата „Денови на македонската култура“.
„Деновите на македонската култура“ се одржуваат од 25 до 28 март во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Едрене, Турција. Договорот го потпишаа директорите на овие установи Скендер Асани и Риван Џанм. На настанот присуствуваа државниот секретар во Министерството за култура на Република Македонија, Бехиџудин Шехапи и ректорот на Тракискиот универзитет, Јенер Јорук. Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македоноја Асани истакна дека овој договор ќе овозможи запознавање и почести средби на двете институции. Директорот на Балканскиот истражувачки институт Џанм рече дека Институтот што тој го води е единствен ваков институт на Балканот.
Директорот Асани вчера одржа предавање на Тракискиот универзитет во Едрене на тема „Мигрирањето на Албанците во Османската империја“ и „Придонесот и учеството на Албанците во битката на Чанакале“. Манифестацијата заврши со ората од фолклорното студио „Блажевски“, кои се подготвени под менторство на ансамблот „Танец“ и албанското фолклорно здружение „Каршијака“, кои продефилираа низ градот. мб/10:37
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.