Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска одржа уште една политичка прес-конференција полна со пристрасност на која што изнесе уште еден политички конструиран случај по нарачка на Заев. Јанева објави дека започнува нова истрага под името „Тортура“, која се однесува на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Јавноста повторно беше сведок на една квази-спектакуларна прес-конференција на која беше застапено обраќање без поенти, без докази. Јанева излезе со нова политичка конструкција и покрај признанието на Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски – Џанго дека немале никакви забелешки на приведувањето.
Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО го отвора предметот „Тортура“, според кој осомничените употребиле прекумерна сила и закана при апсењето на Бoшкоски и ги пречекориле законските овластување за употреба на средства на присилба. Но ваквите тврдења на Фетаи се спротивни на записникот потпишан од самиот Бошкоски и нeговиот адвокат.
-Трето, четврто и петтоосомничениот насилно го легнале на земја, удирајќи го оштетениот Бошкоски по нозете и држејќи го за рацете, рече Фетаи.
Но ваквите тврдења на СЈО се спротивни на Записникот потпишан лично од Бошкоски и енговиот адвокат, во кој стои дека нема видливи повреди и дека нема потреба од лекар и други забелешки.
-Во записникот за задржување на лице е констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема заблеешки, аиситиот своерачно го потпишале Љубе Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски, стои во официјалниот документ.
Специјалното обвинителство на Катица Јанева продолжува со политички и неиздржани прес-конференции кои имаат едноставна функција да нанесат политичка штета.
Фактите говорат дека за да си ја финансира предизборната кампања, Љубе Бошкоски ветувал промена на уставното име и идентитетот на Македонија. Пред извесно време во јавноста се појавија снимки на кои Бошкоски на повеќе локации и во повеќе наврати зема пари за својата кампања. Доколку некој се сомневаше, после тие снимки на сите им е јасно дека Бошкоски е осуден врз основа на цврсти докази за нелегално финансирање на изборната кампaња.
Доказ повеќе е што Бошкоски сам признава дека парите кои ги одбива од посредникот ќе ги користи за организирање предизборни митинзи и рекламирање во медиумите
За скандалот да биде поголем, Бошкоски за парите ветува промена на уставното име му се фали на својот соговорник дека во предизборниот период ќе ги манипулира граѓаните правејќи им финта.
После ова, се поставува прашањето кого штити Катица Јанева и како ќе завршат сите оние кои ги бранат името и државата. Јанева денеска излезе со нова политичка конструкција и покрај признанието на Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски – Џанго дека немале никакви забелешки на приведувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)