Голден стејт вориорс продолжи со победничката низа во НБА-лигата, триумфирајќи со 117-105 во пресметката со Филаделфија, за 66. триумф сезонава со кој „воините“ го продолжуваат атакот на апсолутниот рекорд на Чикаго булс, за најдобар скор во историјата на НБА. Чикаго во сезоната 1995/96 забележа 72 победи и 10 порази, а по првите 73 натпревари имаше скор од 65 победи и осум порази, додека Голден стејт во моментов има скор 66-7.
МВП од минатата сезона Стеф Кари не блескаше на овој натпревар, но затоа тука беа Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин. Првиот го заврши натпреварот со 40 поени, погодувајќи притоа дури седум тројки и првпат во кариерата забележа два меча по ред со 40+ поени. Дрејмонд Грин, пак, уште еднаш покажа дека е многу значаен за својот тим. Ноќеска, тој стигна до 12. трипл-дабл во сезоната, сега со 13 поени и по 11 скокови и асистенции.
НБА резултати:
Индијана – Хјустон 104-101
Сакраменто – Далас 133-111
Г.Стејт – Филаделфија 117-105
ЛА Лејкерс – Вашингтон 88-101
ЛА Клиперс – Денвер 105-90
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)