Во четириминутното видео се гледа лансирање на нуклеарна ракета од подморница кон Вашингтон, а на крајот на снимката се гледа американското знаме во пламен, пренесува АФП.
Снимката ја прикажува историјата на севернокорејско-американските односи и завршува со дигитално обработена сцена во која се гледа ракета како минува облаци, се враќа на земјата и паѓа пред споменикот на Абрахам Линколн во Вашингтон.
Зградата на американскиот Капитол експлодира и се појавува порака на корејски јазик: „Ако амeриканските империјалисти се мрднат и еден милиметар кон нас, ние веднаш ќе ги гаѓаме со нуклеарно оружје“.
Северна Кореја, исто така, ја предупреди и Јужна Кореја дека ќе ја нападне претседателската палата во Сеул доколку јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хје не му се извини на северниот сосед за предавство.
Во ултиматумот на Северна Кореја, што го издаде Корејската народна армија, а го пренесоа сите државни медиуми, се бара јужнокорејската претседателка јавно да ги погуби сите одговорни лица за, како што се тврди, плановите за напад на нивното раководство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)