Најмалку 65 лица загинаа, а околу 300 се ранети во нападот на бомбаш-самоубиец кој се разнесе во парк, во близина на детски лулашки во Лахор, на исток на Пакистан, пренесува „АФП“.
Според Михамед Усман, локално официјално лице меѓу жртвите има многу жени и деца и се стравува дека бројот на настраданите може да биде уште поголем. Тој вели дека се повредени најмалку 50 деца и не се знае кога ќе биде соопштен конечниот биланс на жртви.
Експлозите се случила на паркингот во близина на еден парк во центарот на градот каде што се собрале многу луѓе за Велигден.
Локалните власти се сомневаат дека станува збор за самоубиствен напад.
Лахор, втор град по големина во Пакистан е престолнина на пакистанскиот дел Пенџаб, во последните неколку години беше мета на екстремисти, посебно талибанските бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.