| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистан: Расте бројот на жртвите во нападот кај детските лулушки

Најмалку 65 лица загинаа, а околу 300 се ранети во нападот на бомбаш-самоубиец кој се разнесе во парк, во близина на детски лулашки во Лахор, на исток на Пакистан, пренесува „АФП“.

Според Михамед Усман, локално официјално лице меѓу жртвите има многу жени и деца и се стравува дека бројот на настраданите може да биде уште поголем. Тој вели дека се повредени најмалку 50 деца и не се знае кога ќе биде соопштен конечниот биланс на жртви.

177310893056f822bfea5c3983416797_v4_big

Експлозите се случила на паркингот во близина на еден парк во центарот на градот каде што се собрале многу луѓе за Велигден.

Локалните власти се сомневаат дека станува збор за самоубиствен напад.

118661065656f822c0def01961073111_v4_big

Лахор, втор град по големина во Пакистан е престолнина на пакистанскиот дел Пенџаб, во последните неколку години беше мета на екстремисти, посебно талибанските бунтовници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top