| четврток, 6 декември 2018 |

Одличен интерес за фестивалот „Приштина во Скопје“

Изминатите два дена просторот „Јавна соба“ беше место за размена на идеи, културни содржини и соработка, каде што се одржуваше фестивалот „Приштина во Скопје“.

Готвачот Дуги е млад, перспективен кулинар кој е школуван во Италија а од неодамна е на чело на новоотворениот ресторан во елитниот крај на Приштина, ресторанот „Умами“. Вчера, пред публиката во Јавна соба Дуги подготви традиционална бабина погача на косовски начин и косовски омлет.

Рецептот го презел од својата баба и успешно го модифицирал со што денес ова погача се служи со пикантен крем кој се состои од пиперки, млечен крем и урда.

6d5b6185-5f6c-419b-88cf-231d5438bc1c

Омлетот е приказна сам за себе. Дуги вели дека младите генерации лудуваат по него. Јадењето е перфектен микс од локален сезонски зелечук, домашна кобасица и јајца, одлично зачинети и избалансирани во поглед на количина и вкусови.

На отворањето, ДЈ Јехона одржа вистинска лекција во поглед на добра клубска музика.

На фестивалот „Приштина во Скопје“ домашната публика се запозна со дизајнерите и уметниците од Приштина кои во „Јавна соба“ ги промовираат своите производи.

Најголем интересе имаше за модниот дизајн, особено за трите нови колекции на женска облека на Нита Блачаку која неколку години работеше како моделар со повеќе модни студиа и неодмна исфрли сопствени колекции на пазарот.

c9baa6a1-e89f-4aae-a6d2-b80e9b2d9011

Брендот “Трала-ла” на дизајнерката Бесијана Кастрати се прослави по хартиените производи, честитки, нотеси, украсни кеси и други производи од хартија.

Влезот во Јавна соба е слободен за сите посетители. Фестивалот “Приштина во Скопје” кој е во организација на Јавна соба и Кварт трае уште денеска, 27.март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top