По нападите во Париз и во Брисел, европските служби за безбедност се во потрага по уште најмалку осум осомничени, соопшти денеска влијателниот германски весник „Ди Велт“, пренесе ДПА.
Станува збор за исламисти, главно француски и белгиски, за кои се смета дека дејствуваат тајно во Сирија или во Европа, пишува весникот, цитирајќи извори од службите за безбедност.
Се претпоставува исто така дека тие биле во улога на луѓе за врска на „архитектот“ на париските терористички напади Абделхамид Абауд и неговиот соучесник Салах Абдеслам, уапсен неодамна во Белгија.
Германската федерална служба за криминални истраги (ВКА) учествува во антитерористичката операција, додава ДПА.
Резултатите од истрагите во Белгија и во Франција покажаа дека наводниот лидер на европската терористичка келија на ИД бил Алжирецот Мохамед Белкаид, убиен од белгиската полиција во полициската операција на 15 март.
Заедно со Наџим Лахруи, единствениот од бомбашите-самоубијци на бриселскиот аеродром, Белкаид се смета дека ги наведувал телефонски терористите, кои ги извршија терористичките напади во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа