| четврток, 6 декември 2018 |

Брзале за да го гледаат натпреварот Вардар – Висла – детали за трагедијата која го потресе Скопје (видео)

Браќа близнаци загинале во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во скопска Кисела Вода, вчера околу 17 часот на улицата “Христо Татарчев”.

Несреќата се случила кога директно се судриле автомобилот во кој се возеле браќата и градски автобус број 24 на ЈСП Скопје.

Повредени патници во автобусот нема, а причината за сообраќајката дополнително ќе се утврдува.

Била ангажирана и пожарникарска екипа за да асистира во вадењето на телата од уништеното возило. Речиси два часа им биле потребни на пожарникарите за да ги извадат телата на загинатите, на кои биле видливи повеќе повреди и биле облеани во крв.

Според информации од МВР на повреди се пожалила и патничка од автобусот, но, нејзините повреди биле од полесна природа.

Неофицијално браќата со автомобилот брзале кон салата „Јане Сандански“ за да го гледаат натрпеварот Вардар – Висла што почнуваше во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top