Синоќа во НБА лигата се одиграа десет натпревари.
Сан Антонио беа немоќни на гостувањето кај Оклахома. „Тандер“ лесно стигнаа до победата, имајќи в предвид дека Попович ги одмараше своите најдобри играчи – Олдриџ, Леонард, Паркер, Џинобили и Данкан. Кевин Дурант беше најефикасен на натпреварот, постигна 31 поен.
„Спарс“ остануваат на второто место во западната конференција, а Оклахома е на третата позиција.
Доколку нема некое изненадување, во плејофот овие две екипи ќе се сретнат во полуфиналето.
Леброн Џејмс блескаше во Њујорк. Го оствари својот трет трипл-дабл сезонава – 27 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Ова е 42 трипл-дабл во кариерата на „кралот“ Џејмс. Кевин Лов додаде 28 поени и 12 скокови.
Резултати:
Бруклин – Индијана 120-110
Орландо – Чикаго 111-89
Њу Орлеанс – Торонто 91-115
Минесота – Јута 84-93
Оклахома – Сан Антонио 111-92
Њујорк – Кливленд 93-107
Детроит – Атланта 95-112
Милвоки – Шарлот 91-115
Портланд – Филаделфија 108-105
Feniks – Boston 99-102
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)