
Тројца поранешни носители на јавни функции се прогласени за соработници на тајните служби, јави „Телма“. Двајца од нив биле и наредбодавци. Се работи за поранешен функционер во МВР, кој во периодот на 80-тите години бил и декан на Факултетот за безбедност и двајца поранешни делегати во Собранието кои дејствувале „од позиции на албански национализам и иредентизам“.
– Процесот на лустрација ѝ нанесува голема штета на државата. Лустрацијата на поранешни носители на јавни функции и наредбодавци е спротивна за Уставот и законот – вели Чедомир Дамјановски, член на Комисијата, за „Телма“.
Ова, според него, негативно ќе се одрази врз извештајот за напредокот на Македонија на Советот за Европа.
Комисијата за лустрација на денешната седница донела одлука дополнително да се побараат информации за уште еден поранешен функционер за евентуална соработка со тајните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра


