Државната изборна комисија потврдува дека цедињата со податоци од вкрстените проверки им се дадени на членови на ова тело.
„Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени“, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Од ДИК информираат дека на првата наредна седница ќе расправаат за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.
Како што објави „Слободен печат“ членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ги земале овие податоци без за тоа да има одлука на Комисијата. Како што неофицијално информираат извори од ова тело со тоа што партиските преставници ги добиле овие материјали се појавува сериозна опасност да се минираат теренските проверки.
Државната изборна комисија известува дека засилено се одвиваат подготовките за отпочнување на теренските проверки.
„Завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Во исто време се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Веднаш по завршувањето на овие два процеса кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки“, информираат од ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот