Оваа сезона „експлодираа“ многу млади играчи ширум Европа, а веќе и се наоѓаат на мета на најголемите европски клубови.
Еден од младите надежи дури и е проценет на 60 милиони евра, а најзаинтересиран е Манчестер Јунајтед, додека пак најмногу прашина се крева околу Осман Дембеле од францускиот Рен.
Еве ја листата од Топ 10 тинејџери кои дефинитивно ќе ги одбележат следните трансфер-периоди.
1. Осман Дембеле (Рен)
Овој 18-годишен напаѓач има неверојатни брзина и дриблинг. Барселона веќе за него испрати понуда од 35 милиони евра, а исто така заинтересирани се и Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Јувентус.
2. Рубен Невес (Порто)
Плејмејкерот на Порто овој месец наполни 19 години. Играч кого го споредуваат со Чаби Алонсо, веќе има срушено неколку рекорди во сино-белиот дрес. Тој е најмладиот играч во историјата на португалската Примеира, најмладиот Португалец во Лига на Шампиони и најмлад капитен во историјата на ЛШ. Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул одамна го следат и „меркаат“.
3. Ренато Санчез (Бенфика)
18-годишниот играч од средниот ред на Бенфика е проценет на 60 милиони евра и неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед е скоро завршена работа. Вчера дебитираше во репрезентацијата на Португалија на пријателскиот натпревар против Бугарија. Игра на позицијата централен играч за врска.
4. Брил Емболо (Базел)
Швајцарскиот клуб веќе одбил 30 милиони евра од Волфсбург за услугите на 19-годишниот напаѓач. Заинтересираност за него покажале и Тотенхем, Евертон и Вест Хем.
5. Тахит Чонг (Фејенорд)
Манчестер Јунајтед го прати и овој 16-годишен фудбалер и тоа веќе две години. Игра на позиција лев или централен играч за врска.
6. Лоренцо Гонзалес (Сервет)
Младиот швајцарски напаѓач за малку не потпиша со Реал Мадрид, бидејќи се замеша Пеп Гвардиола кој сака да го доведе во Манчестер Сити. Иако има само 16 години, уште сега му предвидуваат светла иднина.
7. Моис Биоти Каен (Јувентус)
Јувентус веќе некое време се обидува да потпише долгорочен договор со овој 16-годишник за да спречи да не му го земат Челси, Реал Мадрид или Баерн Минхен кои покажуваат огромна заинтересираност. Игра на позиција централен напаѓач, но исто така се снаоѓа и на лево крило.
8. Адемола Лукмен (Чарлтон)
Арсенал и Манчестер Сити се во голема битка за овој 18-годишен напаѓач, кој постигна четири гола во англиската Чемпионшип лига. Иако има договор до 2020 година, Чарлтон е свесен дека не може да го задржи и е подготвен да да ја прифати најголемата понуда.
9. Јури Тилеман (Андерлехт)
Овој 18-годишен напаѓач дебитираше за првиот тим на Андерлехт уште во 2013 година и со тоа стана најмладиот белгиски фудбалер во историјата на ЛШ. Може да игра на повеќе позиции, располага со извонредна прегледност на играта, прецизни додавања, силен продор и е одличен голгетер. Реал Мадрид, Челси и Арсенал го пратат веќе подолго време.
10. Ибрахима Сисоко (Брест)
Сисоко е француски репрезентативец до 19 години, висок и со одлична техника. Игра на позиција заден играч за врска, а уште во минатото лето Њукасл се обиде да го доведе во своите редови. Ливерпул исто така покажува интерес за овој 18-годишен дефанзивен играч за врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)