| четврток, 6 декември 2018 |

Уругвај остана непоразен, Суарез го расипа славјето во Бразил (видео)

luis-suarez-uruguay

Репрезентациите на Бразил и Уругвај одиграа нерешено со 2-2 во 5. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија 2018 година.

Бразилците поведоа со голот на Даглас Коста по само 40 секунди игра. Предноста на домаќините ја дуплираше Августо во 26. минута.

Радоста за „кариоките“ траеше кратко. На сцената настапи извонредниот тандем Суарез-Кавани. Прво напаѓачот на ПСЖ го намали резултатот во 31. минута, а потоа голгетерот на Барса на самиот почеток од вториот дел, во 48. минута ги постави конечните 2-2.

Шанси за победа имаа и двата тима, кај домашниот Даглас Коста и Нејмар не искористија неколку, додека на другата страна Суарез пропушти голема прилика Уругвај да си замине со сите три бода од гостувањето.

Нејмар заработи втор жолт картон и ќе го пропушти следниот натпревар на Бразил против Парагвај, така што ќе има повеќе време за одмор пред големото „Ел Класико“ следната сабота.

Уругвај го задржа второто место на табелата со 10 бода, три помалку од првопласираниот Еквадор. Бразил е трет со два бода помалку од Уругвај.

 

Квалификации за СП (Јужна Америка)
Резултати од 5. коло:

Чиле – Аргентина  1-2
Еквадор – Парагвај  2-2
Боливија – Колумбија  2-3
Перу – Венецуела  2-2
Бразил – Уругвај  2-2

Табела:
Еквадор  13
Уругвај  10
Бразил  8
Парагвај  8
Argentina  8
Чиле  7
Колумбија  7
Перу  4
Боливија  3
Венецуела  1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top