
Фудбалската репрезентација на Франција, домаќинот на следното Европско првенство, оствари победа на гостувањето во Амстердам против Холандија со резултат од 2-3.
Французите според мислењето на многумина се главен фаворит за освојување на ЕП кое ова лето се игра во нивната земја.
Тоа го докажаа уште во првото полувреме на синоќешниот пријателски натпревар против Холандија кога по 13 минути игра веќе имаа водство од 2-0.
Првиот гол го постигна Гризман во 6. минута по одлично изведениот слободен удар.
Седум минути подоцна Жиру одлично се снајде во шеснаесетникот и шутираше во спротивниот агол за водство од 2-0.
До крајот на полувремето гостите доминираа на теренот, ја имаа контролата на топката и го задржаа резултатот непроменет.
Но, во вториот дел од натпреварот за момент се променија работите. Прво Де Јонг беше прецизен во 47. минута за на малување на водството. Во 86. минута Афелај го израмни резултатот и го доведе крајот на натпреварот во неизвесност. Сепак, две минути подоцна Матуиди го врати водството и им донесе победа на Французите.
Во 14.минута натпреварот беше прекинат за момент во чест на неодамна почината холандска легенда на фудбалот, Јохан Кројф, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и секако поранешен репрезентативец на Холандија.

Резултати од останатите пријателски натпревари:
Луксембург – БиХ 0-3
Ерменија – Белорусија 0-0
Словачка – Латвија 0-0
Ирска – Швајцарија 1-0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


