| четврток, 6 декември 2018 |

„Мамузите“ и „Воините“ неприкосновени дома рушат рекорди, на Вашингтон му „бега“ плејофот (видео)

san-antonio-spurs-aldridge-duncan

Синоќа во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Денвер славеше во Лос Анѓелес, Минесота го одалечи Вашингтон од плејофот, Сан Антонио и Голден Стејт поставија нови рекорди…

 

Тимот на Лејкерс продолжува да губи во најлошата сезона на клубот. Овој пат загубија на домашен терен од Денвер. Коби Брајант постигна 28 поени, Џулиус Рендл имаше трипл-дабл, но сепак Денвер си замина со победата. „Резервистите“ на Денвер постигнаа 71 поен и тоа беше пресудно за победникот на овој натпревар.

 

Минесота во гости го победи Вашингтон по две одиграни продолженија, иако победата беше многу поважна за Визардс, бидејќи се борат со Детроит за последното, осмо, место во конференцијата за влез во плејофот.

 

Сан Антонио Спарс стигнаа до 37. победа на домашен терен сезонава против Мемфис и го израмнија рекордот за најдобар старт на домашен терен во историјата со оној на Чикаго Булс од ерата на Џордан, во нивната најдобра сезона, 1995/96, кога имаа вкупно 72 победи. Кај домашната екипа доминираше Олдриџ, постигна 32 поени и 12 скокови. Тренерот Грег Попович ги одмараше Грин, Диао и Mилс, како и Леонард поради полесна повреда.

 

Уште еден рекорд сруши и актуелниот шампион Голден Стејт – стигнаа до 65. победа сезонава и нов рекорд во постигнати тројки. Постигнаа 21 тројка, вкупно 938 сезона и го надминаа Хјустон чиј рекорд беше поставен минатата сезона. Жртва на „Воините“ беа Далас. Клеј Томпсон беше најефикасен, постигна 40 поени, додека „најдобриот“ во лигата, Кари имаше 33 поени, а тренерот Стив Кер не беше задоволен од одбраната на својот тим, кој прими 120 поени.

 

Резултати:

Детроит – Шарлот  112-105
Вашингтон – Минесота  129-132 (во 2 прод.)
Сан Антонио – Мемфис  110-104
Мајами – Орландо  108-97
Хјустон – Торонто  112-109
Атланта – Милвоки  101-90
Лејкерс – Денвер  105-116
Голден Стејт – Далас  128-120
Сакраменто – Феникс  116-94

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top