| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов: Добиените информации од Иванов ги предадов на ДАНС

бојко

-Добиените податоци од македонскиот претседател Ѓорге Иванов за новите мигрантски рути ги предадов на службите- изјави денеска во Парламентот во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува БГНЕС. ­ -Тоа што пред неколку дена претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ме замоли, јас го пренесов на средбата на Европскиот совет. Нивните служби ги добија новите рути, како и за една организација. Сето тоа е доставено на државната агенција „Национална сигурност“ ДАНС, на МВР и соодветно на самитот на министрите за внатрешни работи во Брисел – рече премиерот Борисов.

Тој нагласи дека за разлика од Грција, која доби стотици милиони и ништо нема направно, Македонија создала хумани услови за мигрантите на нејзина територија. ­

-Неколку месеци со ред грчката Влада не презема мерки. Во Грција моментално не можат да покажат како завршено ништо реално, условите таму за бегалците се ужасни- изјави Борисов.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за БГНЕС денеска изјави дека неодамна лично го информирал Бојко Борисов за новите мигрантски рути. ­ По затворањето на западно­балканската рута, веднаш се појавија информации и мапи на арапски јазик, каде Бугарија е посочена како коридор низ кој мигрантите ќе можат да транзитираат до Србија…

-Тие карти ги дадовме лично на Бојко Борисов – изјави македонскиот претседател.

Во деншното излагање пред бугарското Собрание, Борисов изјави дека моментално притисокот на бугарско­турската граница е помал и дека очекува проблемот да дојде од бугарско­грчката граница, која е незаштитена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top