Романија може да биде економијата со најголемо темпо на пораст во Централна и во Источна Европа, благодарение на мерките за даночни олеснувања и перспективите за затегнување на монетарната политика, се наведува во извештај на „Ерсте банк“.
Економскиот пораст во Централна и во Источна Европа се издвојува од тој во државите со забрзан пораст, како Бразил, Русија, Индија и Кина, како и од тие европски економии, за кои се очекува зголемување од 3,1 отсто за оваа година, што е речиси двојно повеќе од просекот во еврозоната од 1,6 проценти, се вели во извештајот.
Романија може да има раст од 4,1 отсто оваа година, додека во Полска тој може да достигне 3,6 проценти, во Словенија, 3,5 отсто, во Чешка 2,5 проценти, а во Унгарија 2,2 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.