Терористичките групи како што е Исламска држава, за изведување на самоубиствени терористички напади најчесто користи браќа или, пак, луѓе кои се крвно поврзани.
Причината е многу едноставна: се покажало дека така нападите ќе бидат успешно изведени и дека бомбашот самоубиец нема да се премисли во последен момент.
Самоубиствениот напад во аеродромот Завентем во Брисел го извеле браќата Ибрахим и Калед ел Бакраоуи. Криминалистичкиот психолог Миа Блум, објаснува како крвните врски се појавуваат во многу злосторства во последните децении, уште од 70-тите години од минатиот век.
-Кога станува збор за самоубиствени напади, секогаш постои можност некој во последен момент да се премисли, а тешко е да се откажат доколку со нив е некој од семејството, бидејќи не сакаат да го разочараат своето семејство, вели Блум.
Во јануари 2015. година, уште еден пар браќа учествувале во нападот на сатиричниот весник “Charlie Hebdo”, кога биле убиени 12 лица. Станува збор за Саид и Шефир Коуачи, а двајцата биле убиени од полицијата.
И бомбашкиот напад во Бостон го извеле двајца браќа – Џокар Тсарнаев, кој имал само 19 години и преживеал, и Тамерлан, кој бил убиен во пресметка со полицијата. Во април 2013. година, овие двајца, на Бостонскиот маратон убиле три, а раниле 260 луѓе.
-Најлесно се регрутираат членови на семејството, а потоа пријатели. Лицата кои се физички блиски не се сомнителни, објаснува Клинт Ватс кој е поранешен припадник на ФБИ.
Тој вели дека и покрај силното присуство на ИД на интернет, најмногу луѓе се регрутираат непосредно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.