Намален притисок во водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Аеродром и Лисиче.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, намалениот притисок на вода ќе биде поради изведување водоводен приклучок на висококатниците на Џевахир Холдинг од ф – 700 мм на ф – 300 мм. Намален притисок ќе има се до завршување на работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.