| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко повторно сака да го освои златниот медал на Олимписките игри

vladimirklicko_gettyy

Професионалниот боксер Владимир Кличко би сакал да настапи на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Засега професионалците немаат дозвола да боксуваат на ОИ и да се вратат на аматерскиот бокс, меѓутоа Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) во јуни ќе го разгледува ова барање и можно е да им одобри на професионалните боксери да учествуваат на олимпискиот турнир.

– Би било фантастично да се најдам повторно на олимпискиот турнир, и тоа 20 години откако во Атланта станав првак. Ќе ја почекаме одлуката на АИБА, а доколку биде позитивна, тогаш јас дефинитивно ќе учествувам во Рио де Жанеиро. Од друга страна, верувам и дека многу професионалци ќе имаат големи проблеми повторно да се прилагодат на аматерскиот бокс – изјави Владимир Кличко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top