| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите објавија морничава анкета: во која боја ќе биде Ајфеловата кула по следните напади?

Џихадиститие и тие што ја поддржуваат таканаречената Исламска држава го слават морничавиот напад во Брисел,  а на еден исламистички портал во анкета е поставено прашањето каде би требало да се случи следниот  напад.

000_907ek

Откако Ајфеловата кула во знак на солидарност била осветлена во боите на белгиското знаме, на форум поставила анкета со прашање:„Во  која боја ќе бида Ајфеловата кула по следните напади“, пренесува „Дејли мејл“.

На морничавата анкета засега води Обединето Кралство, а џихадистите би сакале да се нападнат и САД, како и Русија.

-Исламската држава ќе ги нападне Лондон, Вашингтон, Рим и сите престолнини на неверниците – напишал на „Твитер“ еден од симпатизерите на  ИД , „Крсташите се шокирани и збунети. Вчера Париз, денес Брисел, а тие не ни насетуваат каде ќе биде следниот напад“, напишал друг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top