Џихадиститие и тие што ја поддржуваат таканаречената Исламска држава го слават морничавиот напад во Брисел, а на еден исламистички портал во анкета е поставено прашањето каде би требало да се случи следниот напад.
Откако Ајфеловата кула во знак на солидарност била осветлена во боите на белгиското знаме, на форум поставила анкета со прашање:„Во која боја ќе бида Ајфеловата кула по следните напади“, пренесува „Дејли мејл“.
На морничавата анкета засега води Обединето Кралство, а џихадистите би сакале да се нападнат и САД, како и Русија.
-Исламската држава ќе ги нападне Лондон, Вашингтон, Рим и сите престолнини на неверниците – напишал на „Твитер“ еден од симпатизерите на ИД , „Крсташите се шокирани и збунети. Вчера Париз, денес Брисел, а тие не ни насетуваат каде ќе биде следниот напад“, напишал друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција