| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ ќе го емитува гласот на „Балканскиот поетски Вавилон“

Првото издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи утре (петок, 25 март) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, со учество на 30 автори, членови на македонската писателска асоцијација и со стихови на 10 истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“ која за творечки опус ја доделува ДПМ.

Поетската порака ќе ја испрати д-р Кристина Николовска, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија: на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки и ромски јазик.

Пред љубителите на литературата во ДПМ ќе настапат поетите Иван Антоновски, Марта Марковска, Делвина Керлуку, Тајче Кацаров, Рифат Емин, Владимир Мартиновски, Гордана Стојковска, Димо Димчев, Игор Крајчев, Сеида Бегановиќ, Кочо Топузоски, Фејзи Бојку, Гордана Михаилова Бошнакоска, Раде Силјан, Јусуф Едип, Љерка Тот Наумова, Ресул Шабани, Санде Стојчевски, Олга Панкина, Ефтим Клетников, Адем Абдулаху, Бистрица Миркуловска, Стојан Тарапуза, Мито Спасески, Тамара Арсовска и Леетив Намдагјаншивин.

На средбата во ДПМ ќе бидат читани и стихови, во оригинал и во препев на македонски, на поетите Костас Асимакопулос (Грација), Алеш Штегер (Словенија), Сретен Перовиќ (Црна Гора), Садик Бејко (Албанија), Петар Караангов (Бугарија), Адам Пуслоиќ (Србија), Абдулах Сидран (Босна) и Анте Стамаќ (Хрватска), сите добитницици на наградата „Книжевно жезло“.  Програмата ќе ја води Александра Велинова.

.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top