Поминаа 12 години од последниот филм за авантурите на Бриџит Џоунс и сите со нетрпение го очекуваат нејзиното враќање на филмското платно.
Вчера беше објавен и првиот рекламен спот за филмот во септември пристига во киносалите, а тој ќе донесе многу прашања и малку одговори. Покрај Рене Зелвегер, тука се и Колин Фиртх како Марк Дарси и Патрик Демпси како нејзиниот нов љубовник. Двајцата се борат за наклонетоста на Бриџит, а кога нашата хероина ќе дознае дека е бремена ќе дојде во вистински хаос поради тоа што не е сигурна које таткото на бебето.
46 – годишната актерка открила дека за потребите на филмот се снимале три различни краеви и дека никој сè до премиерата не знае како ќе заврши филмот.
-Тоа на некој начин е одлично. Никој од актерите не знае кој е таткото на бебето на Бриџит или кого на крајот ќе го одбере. Планираат да нè држат во неизвесност до крајот на филмот – изјавила Зелвегер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)