Репрезентацијата на Белгија го откажа пријателскиот натпревар со Португалија, поради последните терористички напади во Брисел.
Во рамките на подготовките за ЕП 2016, Белгија на 29 март требаше да одигра тест дуел со Португалците на стадионот „Крал Бодуин“ во Брисел, но истиот е откажан.
– Од безбедносни причини, градот Брисел побара од Фудбалската федерација пријателскиот натпревар со Португалија да не се одигра, и ние го прифативме барањето на градот и безбедносните сили – соопштија од Фудбалската федерација на Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Повеќе од илјада пожарникари учестуваат во гаснењето на пожарот во Португалија
-
Португалија се подготвува за пеколен бран: Следуваат денови со температури од 45 степени