Двојната добитничка на наградата „Оскар“, актерката Хилари Свонк (41) се вери за Рубен Торес, некогашен тенисер, денес тениски тренер и финансиски консултант .
Хилари радосната вест ја подели со следбениците на „Инстаграм“ и на „Твитер“.
– Отидов на планинарење и видете што се случи. Многу сум среќна што ја споделувам оваа неверојатна и возбудлива вест со вас…Свршувачката со мојот мил Рубен – напиша актерката.
По оваа порака, Хилари на „Твитер“ објави уште една фотографија од веридбата.
And then this happened….#sealedwithakiss pic.twitter.com/lk4vgjXb2M
— Hilary Swank (@HilarySwank) March 22, 2016
– А потоа се случи ова, запечатено со бакнеж – напиша Хилари покрај фотографијата каде се бакнува со вереникот.
Хилари и Рубен почнаа да се забавуваат минатото лето, а актерката позади себе има еден неуспешен десетгодишен брак со колегата Чeд Лoу, со кого се разведе 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.